Во Куманово и Гевгелија во следниот период ќе се реализира проектот „3Д Екобус“ со кој учениците преку забава, точни и потполни информации ќе формираат навики за правилно однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.
Проектот им нуди на учениците 40-минутна 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест со цел да се допре до свеста на младите за правилно селектирање на амбалажниот отпад и грижа за животната средина од најрана возраст.
Досега со проектот се опфатени над 38 илјади ученици и над 1.330 наставници од Скопје, Штип, Прилеп, Крушево, Тетово, Струмица, Охрид, Кавадарци и Битола.
Проектот „3Д Екобус“ што го спроведува „Пакомак“ ја доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во категоријата „Заштита на животната средина“ на изборот во 2015 година.