Театарски караван кој треба да пренесе едукативни информации во врска со рециклирањето и екологијата на децата од основните училишта низ Македонија тргна од Прилеп и има цел да ги обколи сите градови низ Македонија.
Претставата е креирана за основците со поддршка и иницијатива на компанијата Пакомак, а во реализација на здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“. Автор на претставата е Детското драмско студио ,,Детски свет“, при МНТ.
На претставата, меѓу другото, децата ќе се информираат дека доколку ги рециклираат старите учебници од едно одделение ќе може да се изработат доволно количество на хартија за други нови учебници, или речиси 60 килограми хартија кои се произведуваат од едно цело дрво.