mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Требеништа ќе добие нова водоводна мрежа

Требеништа ќе добие нова водоводна мрежа

Типографија

Во селото Требеништа во тек се градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа. Согласно проектната документација предвидено е да се изгради целосно нова водоводна мрежа, со вкупна должина од 6,5 километри.

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајковски појаснува дека досега се изведени повеќе од 3,5 километри од водоводната мрежа.

- Со реконструкцијата на водоводната мрежа во селото, заедно со новоизградениот резервоар за вода за пиење, трајно се решаваат долгогодишните проблеми со водоснабдувањето во селото, подобрување на квалитетот на живот и поефикасно управување со системот за водоснабдување - вели Трајковски.

Притоа тој најави дека наскоро ќе почне и доизградба на фекалната канализација во соседното село Мешеишта, што предвидува нова фекална мрежа со вкупна должина од 1.530 метри, како и нејзиното поврзување кон колекторскиот систем за отпадни води што ги поврзува селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани.

Двата проекта се реализираат преку Владата и Министерството за транспорт и врски, со финансиска помош на Европската инвестициска банка. За реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа се издвоени 5.7 милиони денари, додека доизградбата на фекалната канализација во Мешеишта чини 7.5 милиони денари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS