mksqen

Ќе се гради извиднички музеј во Крива Паланка

Ќе се гради извиднички музеј во Крива Паланка

Типографија

На прославата на 56 години од постоењето на извиднички одред „Наум Наумовски Борче“ во Крива Паланка беше најавен нов  проект кој ќе го реализираат скаутите, изградба на музеј на извидници.

  • Чест ми е на роденденот  да најавам нов капитален проект со кој во старите простории на извидничкиот одред  ќе се оформи музеј што ќе ги возобнови спомените од 1960 година до денес, од сите активности на извидниците, старешините кои го развивале одредот. Ќе бидат собрани и изложени фотографии, значки, трофеи кои датираат од самото формирање до ден денес - рече Игор Ангеловски  старешина на ИО „Н.Н. Борче“.

Проектот ќе се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД.

  • Главна цел на одредот е да придонесе за развој на членовите во млади и одговорни личности преку унапредување на нивните психофизички, интелектуални, духовни и општествени можности како поединци и одговорни граѓани, членови на локална, и воопшто на меѓународна заедница -дополни Ангеловски.

Одредот е формиран во далечната 1960 година.

  • Тогашното здружување беше озваничено на иницијатива на извидниците од Куманово и Скопје. Оттогаш досега организацијата се развива и бележи бројни успеси кои се надевам и во иднина ќе продолжат - рече првиот старешина на одредот Анте Христов.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија