mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Остри реакции против планот за забавен парк под Плаошник

Остри реакции против планот за забавен парк под Плаошник

Типографија

Активистите од движењето Охрид СОС жестоко реагираа на информациите од општината Охрид, дека во боровата шума под Плаошник се планира изградба на авантуристички забавен парк од 500 квадратни метри.

Според нив, локалните власти и претходно без никаква претходна анкета, или испитување на јавното мислење, односно барање согласност од граѓаните на Охрид, и без претставување на проектот „Вотернет“ премина во реализација на активностите,(изградба на рекреативна патека од Студенчишта до Горица. Сега, додаваат, општината ја најавува следната цел, т.н. авантуристички парк во срцето на шумата под калето, местото за кое велат дека  охриѓани го посетуваат за да се релаксираат, да пронајдат мир, да уживаат во нечепнатата природа, со преубав поглед кон езерото.

Од Охрид СОС објавуваат дека според информациите од официјалната интернет-страница, целите на прекуграничниот проект биле да се промовира важноста на водата, да се развие прекугранична заштита на водните средини и да се засили едукацијата.

  • На кој начин овие активности во Охрид се поврзани со целите на проектот? Со што овие активности придонесуваат кон заштита на водите, или промоција на природното наследство, Охридското Езеро? Дури и изворното име на проектот е „Water Protection Thematic Park Actions“. Дали Европската комисија е запознаена со овие активности, односно како се реализира проектот? Дали раководните лица од општината се запознаени со нацрт-одлуките на Комитетот за Светско наследство при УНЕСКО од конвенцијата во Истанбул, имајќи предвид дека во точката 7а е споменат и Планот за интегрирана заштита на Старото градско јадро на Охрид, каде се наоѓа предложената локација за оваа активност? Знаат ли дека во моментов македонските институции треба да дадат детален отчет пред ова меѓународно тело, за да не се случи „можно запишување на доброто на листата на Светско наследство во опасност“? Имаат ли трошка совест овие носители на јавни функции инволвирани во овој проект? Која е потребата од вакво нешто - прашуваат од Охрид СОС.

Според информациите од општината, објавени од повеќе медиуми, станува збор за проект за кој позитивно мислење дал и Заводот и Музеј Охрид. Оттаму ддале дека не станува збор за цврста градба или за сечење на шумата, туку само за поставување реквизити од привремен карактер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS