mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Се гради атмосферска канализација во неколку села во општина Новаци

Се гради атмосферска канализација во неколку села во општина Новаци

Типографија

Општина Новаци почна изградба на атмосферска канализација во селата Добромири, Горно, Долно Агларци и Далбеговци.

Вкупната должина на новата атмосферска канализација изнесува околу три километри, а средствата во вредност од 5,5 милиони денари се обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање како и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

  • Во моментот се работи на изградба на атмосферска канализација односно бетонски канал во четири села и тоа во Добромири со должина од 250 метри кој чини 881 илјади денари, во Горно Аглраци со должина од 480 метри за што ќе бидат вложени 850 илјади денари и во селото Долно Агларци каде се гради канал во должина од 400 метри и со вредност од 750 илјади денари. Средствата за оваа атмосферска канализација ги обезбедивме од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Фондот за фосилни горива додека во селото Далбеговци должината на каналот изнесува 1,5 км и чини три милиони денари, а средствата се обезбедени од Центарот за развој на пелагонискиот регион -  информираат од општина Новаци.

Атмосферската канализација се гради со цел да се врши собирање на дождовната атмосферска вода, која ќе се одводнува преку другата каналска мрежа и ќе се дистрибуира до река Црна која е главен реципиент. Станува збор за редовна активност на општина Новаци и превентивна мерка за спречување од поплави, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS