Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека ќе биде извршено порибување на Преспанското Езеро со автохтон крап.
Со порибувањето, што ќе се изврши во Отешево, во езерото ќе бидат пуштени 225 илјади единки автохтон крап, од 7 до 15 грама, произведен во овластен репроцентар за порибување.
Финансиските средства во износ од 900 илјади денари се обезбедени преку Програмата за рибарство и аквакултура.
Порибувањето е четврто од 2013-та година.