mksqen

Гевгелија доби одводен канал

Гевгелија доби одводен канал

Типографија

Со промоција на филмот за изградбата на одводниот канал во Гевгелија и Студијата за канализирање на атмоферската вода, во Гевгелија заврши проектот „Заеднички активности за ефикасен менаџмент со градска вода во прекугранични региони“.

Проектотбеше реализиран во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.

Гевгелискиот градоначачник Иван Франгов е задоволен од реализацијата на проектот популарно наречен „Аква М“.

  • Во последната фаза ги доизградивме останатите 1.090 метри од одводниот канал кои недостасуваа за негово поврзување со реката Вардар, каде сега ќе се влева надојдената планинска вода за време на поројни дождови која честопати знаеше да им прави проблеми и да ги поплавува жителите околу каналот - вели Франгов.

Тој истакнува дека покрај ова завршена е и студијата за одводнување на атмосферката вода, која е предуслов за целосно решавање на проблемот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија