mksqen

Делчево ја гради првата атмосферска канализација во општината

Делчево ја гради првата атмосферска канализација во општината

Типографија

На улицата Питу Гули во населбата Милково Брдо, општина Делчево почна со изградба на првата делница на атмосферска канализација.

Станува збор за проект кој се содржи во Општинската стратегија за климатските промени работен по иновативната метода на зелена агенда со поддршка на Милеуконтакт Македонија и УСАИД.

Советникот од ЛЕР во Општина Делчево, Тони Стоименовски  вели дека вредноста на проектот е 5, 5 милиони денари од кои 1,7 е учество на општината, а останатите се обезбедени од УСАИД.

  • Ова е прв приоритет одбран од граѓаните на Делчево кои со години наназад при обилните врнежни имаа проблеми со поплавувањето на нивните дворови и куќи, бидејќи од аспект на атмосферските води, оваа улица беше тесно грло. Сега со интервенцијата, атмосферската вода ќе се канализира и ќе се носи во реката Габровчица - додава Стоименовски.

Тој вели дека целта на овој документ, но и на проектите содржани во него е да се намалат негативните влијанија од климатските промени во општината.

  • Во Општинската стратегија за климатските промени од страна на граѓаните се предложени и проекти за заштита од пожари и поплави, а документот има важност 10 години, односно до 2026 година. Целта е да се влијае таму каде што може за намалување на влијанието на климатските промени. Врз основа на овој документ може да се повикуваме за изградба на проекти кај различни донатори - нагласува Стоименовски.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија