mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Заврши кампањата „Климата се менува, од нас зависи”

Заврши кампањата „Климата се менува, од нас зависи”

Типографија

Под мотото „Климата се менува, од нас зависи” во Делчево се одржа последниот настан од кампањата за подигнување на јавната свест и поддршката во борбата против климатските промени.

  • Целта на кампањата е да ја информираме јавноста за негативните ефекти од климатските промени врз локалната средина, како и за сите постапки кои можеме како индивидуалци да ги преземеме за да ги намалиме последиците од глобалната закана. Низ сите 10 општини кои беа дел од оваа кампања ја испративме пораката  дека климатските проемни се реална закана и сите треба да сме дел од решението - вели  Радмила Славкова од Милеуконтакт Македонија кој, заедно со УСАИД, го поддржува проектот.

Според неа, посетителите имаат можност преку брошури, едукативни материјали и дискусии да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начините за нивно ублажување и адаптација кон нив преку промени во секојдневните навики на секој поединец.

  • Кампањата во Делчево ќе понуди содржини и за младите со цел да се поттикнат, како идни лидери, ефективно да дејствуваат во борбата против климатските промени и поттикнувањето на одржливиот развој на локално ниво. Дополнително, на Фејсбук фан страната и Инстаграм профилот на Милиеуконтакт Македонија младите учесници се вклучија во натпреварот за најдобра фотографија преку која ќе биде испратена главната порака на кампањата: предизвиците од климатските промени се најголема закана за нашата планета и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој поединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението - додав Славкова.

Кампањата почна од 19 септември, а опфати 10 општини: Пехчево, Студеничани,  Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуше и Теарце. Преку иновативната методологија на т.н. зелена агенда тие работеа на општинските стратегии за климатските промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS