Јавното претпријатие „Македонски шуми” подружница „Бор" од Кавадарци, заклучно со 15 октомври има испорачано над 19.000 кубни метри огревно дрво за домаќинствата или 85 проценти од договорените количини.
- До крајот на тековниот месец сите што склучиле договор ќе добијат барем половина од количината која ја уплатиле, а остатокот ќе го добијат најдоцна до првата декада од ноември. Подружницата има доволно залиха на шумско-камионски пат и секојдневно пристигаат нови количини на плац, вели директорот Слободан Климоски .
Според него, сите што не се снабдиле навреме со дрва за огрев ќе можат да си купат по испораката на договорените количини.
- Од 1 ноември ќе почне сечата на огревно дрво од државна шума за сопствени потреби, популарна кај населението како селска сеча - информира директорот.