mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Изложба на украсни и ретки птици во Прилеп

Изложба на украсни и ретки птици во Прилеп

Типографија

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена 16 изложба на украсни птици, што ја организираше здружението „Трагопан“ од Прилеп.

Според претседателот на здружението „Трагопан“, Горан Илиоски, на изложбата се изложени околу 200 експонати од повеќе градови од Македонија.

  • Бројот на љубители на ваквиот вид на животни се повеќе се зголемувал на ниво на Македонија и ова хоби станува се поатрактивно. Еден од поимпресивните примероци е фазанот кој се вика „трагопан“ и е една од поретките птици на Балканот. Двата мали фазани, пак, се сопственост на Борче Ристески. Цената на еден фазан се движи од 300 до 400 евра. Инаку, годинава судиите кои ќе ги оценуваа квалитетите и убавините на птиците се од Србија. Македонските одгледувачи на птици интензивно работат и на создавање на брендирании македонски сорти на птици - вели Илиоски.

Александар Мицески е еден од најстарите одгледувачи на птици во Македонија и чува околу 120 ретки и егзитични птици.

  • Ова е скапо хоби, но љубовта спрема убавите птици е голема како и желбата да се чуваат, но и да се негуваат - вели Мицески.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија