mksqen

Ќе се градат пречистителни станици во населените места Робово и Умлена

Ќе се градат пречистителни станици во населените места Робово и Умлена

Типографија

Општина Пехчево работи на изработка на техничка документација за изградба на пречистителни станици во населените места Робово и Умлена .

Со тоа комплетно ќе се затвори прашањето на Пехчево во врска со загадувањето со отпадните води на локалните реки во населените места.

Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски вели дека канализацијата во овие две села е изградена, а останува уште изградбата на пречистителните станици за што средства ќе се бараат од донатори.

  • Ние како општина која припаѓа на микрорегионот Малешевија која важи за еколошки чист регион, работиме на проекти за заштита на животната средина. Досега сме изградиле пречистителна станица во индустрискиот дел од Пехчево и во селото Црник, а како црни точки ни остануваат овие две села - рече Поповски.

Тој додава дека со почнување на градежните работи на изградбата на колекторот за отпадни води кај Пехчево и село Чифлик во рамки на големиот проект кој ги опфаќа двете општини од Малешевијата,  Берово и Пехчево, се решава горливото прашање со отпадните води и загадувањето на Пехчевска Река.

  • Со овој проект  е предвидено да се собираат отпадните води од Пехчево кои досега одеа во Пехчевска Река, како и отпадните води од село Чифлик. Имавме големи проблеми со загадувањето на оваа река, на што долго време реагираа жителите од село Чифлик. Сега е планирано отпадните води да се собираат и да се носат во главната прочистителна станица лоцирана во близина на Смојмирово. Ова е голем бенефит за Пехчево и веќе нема да имаме загадување на горниот тек на Брегалница, реакции од жителите за неподнослива миризба и страв од зарази, како и чиста вода за наводнување - додава Поповски.

Поповски истакна дека градежни работи во Пехчево  се со вкупна вредост од околу 500 илјади евра, а вкупниот проект за решавање на проблемот со отпадните води во Малешевијата, чини 3, 8 милиони евра. Средствата се обебзедени преку ИПА 3 програмата и Минситерството за животна средина. Градежните работи на целокупната инфратсруктура треба да заврши за една година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија