Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала почувствуван е изутрината во 7 часот и 58 минути во источна Македонија.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Пехчево, на длабочина од два километра.
Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.