mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

В среда - како да го спасиме земјоделството од климатските промени

В среда - како да го спасиме земјоделството од климатските промени

Типографија

Центарот за еколошка демократија Флорозон о соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, организираат промотивен настан преку кој ќе и укажат на македонската јавност за последиците од климатските проимени врз развојот на земјоделството.

Настанот, кој ќе се одржи на 12 октомври, среда, со почеток од 12 часот на плоштадот Македонија во Скопје, е во рамките на националната кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Тој се реализира во соработка со Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и е дел од проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“.

  • Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, невладини организации, претставници на институции и медиуми да го посетат информативниот штанд и да бидат дел од глобалните заложби за борба против климатските промени - велат од тимот на ЦЕД Флорозон.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија