mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Планинари го искачија Љуботен во ноќна тура

Планинари го искачија Љуботен во ноќна тура

Типографија

Група од деветмина планинари во организација на членови на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово изведе ноќно искачување врвот Љуботен со 2.498 метри надморска височина.

Иако овој врв не е највисокиот на Шар Планина, тој е еден од најмаркантните и по патеката за искачување и по погледот што се пружа од него во круг од 360 степени.

Самото искачување беше поделено во две фази. Првата од Старо село до планинарскиот дом Љуботен што траел околу два и пол часа и по неколкучасовен одмор во домот групата од девет планинари околу еден часот по полноќ се упатила кон врвот.  По нешто над три часа тие пристигнале на Љуботен по добро маркираната патека и за летни и за зимски услови.

  • Се качивме на висина од скоро 2.500 метри односно 2.498. Чекавме да изгрее сонцето и го дочекавме -  изјави водичот на групата Владимир Трпковски од ПК „Јелак“.

Тетовскиот планинар Томислав Мишковски, вели дека бил повеќепати и на Љуботен, но ова му било првпат навечер и претставува голема авантура за него и покрај студеното време.

  • Но вреди за ова изгрејсонце - посочува Мишковски.

За дел од учесниците ова беше двојно задоволство бидејќи за првпат се искачија на Љуботен и тоа во ноќните часови.

  • Првпат сум на Љуботен, првпат на ноќно планинарење, видов и две ѕвезди паѓалки и многу добра група, се е супер овде - рече Жули Шамберлен од ПК „Јелак“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS