Градежната фирма „Актива“-Штип почна да го гради паркот „Макфест“, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов“, каде секоја година се одржува фестивалот на забавна музика „Макфест“.
Директорката ан Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека средствата од 130.000 евра се обезбедени од Министерството за локална самоупува преку Бирото за рамномерен регионален развој.
- Паркот на „Макфест“ е прв на приоритетнната листа за финасирање за проекти, за кои што средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој или поточно тоа се средства од националниот буџет преку Бирото за регионален развој - вели Здравева.
Проектот содржи фонтана, плато до фонтаната, парк кој ќе се обнови со нови стази, а ќе има и висечки мостови околу фонтаната на кои ќе има канделабри и звучници за да може да се слушат песните од фестивалот „Макфест“. Според најавите, вВо попладневните часови, два часа од 18 до 20 часот ќе се слушат познатите рефрени од „Макфест“ , а деновите кога ќе се одржува „Макфест“ преку цел ден ќе се емитуваат песните. Ќе има и простор каде што на плочки ќе се означуваат сите победници на фестивалот од претходните години и оние кои што ќе бидат победници.
Покрај фонтаната во паркот ќе има и амфитеатар, кој ќе го поврзува платото на фонтаната со пешачката зона. Рокот за изградба на паркот „Макфест“ е еден месец.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS