mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Презентиран проектот „Патеката на клукајдрвчето“

Презентиран проектот „Патеката на клукајдрвчето“

Типографија

Македонското еколошко друштво (МЕД) во Кочани пред поголем број науни работници, професори и членови на еколошки друштва од регионот, го презентираше проектот „Патеката на клукајдрвчето“.

Тој е дел од програмата за зачувување на природата во Македонија чии национален координатор е „Фармахем“ од Скопје, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

  • Целта на овој проект е промовирање на вредностите на старите букови шуми, едукација, подигнување на јавната свест и подобро прифакање на концептот за одржливо користење на буковите шуми. Овој проект се реализира во соработка со општината Кочани и Шумското стопанство „Осогово“ од Кочани, а ОУ „Раде Кратовче“ како еко училиште се вклучи во реализацијата на проектот - изјави Светлана Пејовиќ, раководител на програмата за еколошка едукација при МЕД.

Како дел од проектот, истакна Пејовиќ, направени се неколку информативни табли кои ќе бидат поставени во Спортско рекреативниот центар Пониква каде што е поставена новата патека на клукајдрвчето. Ваквите содржини и активности, истакнуваат од Македонското еколошко друштво, се повеќе од потребни за локалното население за обезбедување на основи за развој на туризмот и промоција на Осоговските Планини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија