mksqen

Ќе се гради пат до планинарскиот дом Вртешка во Карбинци

Ќе се гради пат до планинарскиот дом Вртешка во Карбинци

Типографија

Директорката на Центарот за развој на Источнопланскиот регион Драгица Здравева, градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов и претставник од градежната фирма „Вато“ од Скопје го потпишаа договорот за изградба на регионален пат до планинарскиот дом Вртешка во Карбинци.

Здравева соопшти дека средствата од 12 милиони денари за реализација на првата фаза се обезбедени од Бирото за регионален развој.

  • Тоа е проект кој е на листата на приоритети на Источнопланскиот регион, одобрен од страна на Советот на планскиот регион. Средствата се обезбедени преку Програмата за развој на планските региони, финансирана од националниот буџет, односно од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој - истакна Здравева.

Градоначалникот на Карбинци посочи дека во првата фаза ќе се асфалтираат еден километар и 300 метри, а следната година очекува да бидат доизградени уште еден километар и 200 метри до планинарскиот дом Вртешка на планината Плачковица. Со изградбата на патот се очекува дека ќе се олесни комуникацијата и транспортот на населението од неколку села на Плачковица, но и ќе се придонесе за развојот на туризмот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија