mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нов јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа

Нов јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа

Типографија

Владата донесе одлука да ја започне постапката за објавување јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во трите региони Скопскиот, Западниот и Источниот по пат на јавно приватно партнерство.

Со одлуката, како што прецизира советникот на премиерот Христијан Мицковски, се предвидува зголемување на концесијата од 20 на 30 години и намалување на приклучокот за граѓаните од 100 на 80 евра. Останатите средства ќе бидат субвенционирани од Владата.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата во изминатиот период беше фокусирана на изградба на магистралните правци и нагласи дека веќе е завршен гасоводот Штип - Клечовце, неодамна почна да се гради магистралната линија од Клечовце до Неготино, а наскоро ќе следи реализација и на линиите од Неготино до Битола, како и од Скопје до Гостивар преку Тетово.

Како што прецизира Ѓорѓиев, причина за објавувањето на новиот повик е новонастанатата ситуација на светскиот пазар на гас.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS