mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Потрошувачите да не се сомневаат во домашните сертифицирани органски производи

Потрошувачите да не се сомневаат во домашните сертифицирани органски производи

Типографија

Малите фарми, фрагментираните површини, недостигот на репроматеријали, современа опрема за берба и постбербени операции, недоволниот број ладилници и немањето информации особено во руралните средини, се клучните предизвици со кои се соочува македонското органско земјоделство.

Дополнителен проблем се финансиите, а се уште нема и доволен број тренирани советници. Решението, според експертите, е во договорното производство што подразбира здружување и поврзување на сите чинители, производителите, науката и институциите, како и однапред дефиниран пласман дома и на странските пазари.

  • Македонија има голем потенцијал за органско земјоделство, одлични еколошки услови, традиција и земјоделци кои си ја знаат работата. Но, процесот бара многу знаење и информации. Едукација е неопходна на сите нивоа и постојано, затоа што работите во континуитет се менуваат - вели професорката Рукие Агуч.

Според неа, земјоделците тешко набавуваат и органско семе, немаат соодветна механизација, а поради несигурниот пласман ретко кој од нив преминува од конвенционално во органско производство.

Во однос на извозот, напоменува Агуч, квалитетот и кватитетот се клучни.  

Сертифицирањето, пак, отвора сосема поинакви прашања и дилеми. Анализите на терен покажуваат дека потрошувачите не се потполно сигурни во домашните органски производи и се уште со недоверба и сомнеж гледаат во сертификатот. Тоа, велат експертите, е неоправдано и неосновано. И тука причината ја гледаат во недоволната информираност.

  • Постои тенденција кај производителите своите производи да ги нудат како органски со образложение дека се еколошки одгледани и дека не содржат остатоци од пестициди, додека купувачите сметаат дека органски се оние производи што се мали, црвливи и со флеки. Но, ниту едното, ниту другото е точно. Органски се само оние производи кои имаат сертификат од акредитирано тело - подвлече Валентитна Колар Јовановска од Балкан Биосерт.

Како што потенцира Јовановска, процесот на контрола за сертификација е секаде ист, и кај нас и во ЕУ и генерално во светот. Притоа, не се контролира производот, туку процесот кој претставува систем на мерки кои обезбедуваат оптимално ниво за заштита на здравјето на почвата, водата, животната средина, животните и луѓето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS