Активисти на Здружението за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА) забележале и пријавиле дека во Охридско Езеро во близина на Поградец плива млад пеликан кој што се` уште не може да лета.
Тие ги повикуваат сите граѓани да избегнуваат контакти со оваа птица и да внимаваат да не и` наштетат, додека надлежните служби соодветно се погрижат за неа. Од ППНЕА потсетуваат дека пеликаните се ретки птици заштитени со закон, што значи дека граѓаните се должни да не ги вознемируваат.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS