mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Ловокрадци нападнале здружение за заштита на птиците

Ловокрадци нападнале здружение за заштита на птиците

Типографија

Друштвото за заштита и проучување на птиците во Србија открило четири лица што ловеле препелици на недозволен начин во селото Мокрин кај Кикинда, а еден од нив ги нападнал членовите на оваа организација.

Како што соопштува самото друштво, двајца српски и двајца италијански државјани ловеле користејќи недозволена опрема, електронски свирчиња, а кога виделе дека се откриени, еден од Италијанците го насочил своето возило кон четворица активисти, со намера да ги повреди.

  • Италијанецот не` навредуваше, и го удри еден од нашите колеги во лицето. Не наседнавме на неговите провокации, а потоа, мошне изнервиран, седна во своето комби и тргна директно кон нас. Скокнавме на страна и имаме среќа што не не` прегази - вели еден од активистите.

Понатаму се додава дека меѓу ловокрадците бил и поранешниот претседател на ловечкото здружение „Перјаница“ од Мокрин, кој се обидел да ги сокрие доказите, односно ги собрал свирчињата и звучниците и ги фрлил во својот џип. Но по интервенцијата на полицијата, морал да ги донесе во станицата во Кикинда.

Се проценува дека во Србија годишно нелегално се ловат меѓу 125.000 и 175.000 диви птици, а половина од нив се препелици, кои се шверцуваат во Италија за потребата на црниот пазар на месо за ексклузивни ресторани.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан