Два милиони кубни метри дрва ќе мора да се исечат во Словенија поради наезда на штетникот црн азиски дрваш, оценило министерството за земјоделство. Штетникот ги уништувал зимзелените дрвја и веќе нанел катастрофална штета, соопшти институцијата.
Ситуацијата со инсектот, кој се развива под кората на дрвјата, се` уште била под контрола, а овогодишната штета настанала поради ниските температури преддве години, кога шумите замрзнале. По топењето на мразот останале многу искршени дрвја и гранки, а тоа се погодни услови за развој на штетникот.
Словенија е една од најпошумените земји во ЕУ според површината под шуми по глава на жител. Речиси две третини од земјата се шумски простори, а повеќе од тој процент имаат само Финска и Шведска.
Министерот за земјоделство Дејан Жидан поради кризната ситуација оформил посебен тим од експерти што треба да се справи со проблемот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS