mksqen

Во Атина се подготвува најголемиот европски проект за урбана ревитализација

Во Атина се подготвува најголемиот европски проект за урбана ревитализација

Типографија

Големи се очекувањата од проектот Елинико, кој е најголем зафат за урбана ревитализација во Грција, дури и во Европа.

Како што пишува Грик Рипортер, тој не само што треба да ја унапреди животната средина во Атина, туку и директно и индиректно да придонесе за отворање на 70.000 нови работни места.

Станува збор за проект со кој треба да се обнови просторот на стариот атински аеродром, на самиот брег од грчката метропола. Тој бил запуштен со децении, се` до 2012 година, откога почнала процедурата за обнова. Бил распишан тендер, и проектот му бил доделен на конзорциум од три компании, од Кина, од Абу Даби и од Грција. Од вкупниот простор од 620 хектари, инвеститорите ќе искористат само 260 хектари за комерцијална градба. Од остатокот, 80 хектари ќе отпаднат на патната мрежа, 80 ќе се искористат за јавни простори, а на 200 хектари ќе се направи Метрополитен парк, што ќе биде една од најголемите зелени површини во Атина. Ќе има и плажа од еден километар, како и мрежа од 50 километри пешачки и велосипедски патеки. За да го направи проектот е избрана архитектонската куќа на еден од најпознатите светски архитекти, Норман Фостер.

Грик Рипортер додава дека проектот има потенцијал да привлече нови инвестиции, а со него Атина ќе стане уште поатрактивна туристичка дестинација.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан