mksqen

Атракција: словенечките „змејчиња“ се изведуваат од јајцата

Атракција: словенечките „змејчиња“ се изведуваат од јајцата

Типографија

Водоземците познати како „човечка рипка“ што живеат во Постојнската јама во Словенија, низ светот познати и како словенечки „змејчиња“ во овој период се изведуваат од положените јајца под будното око на научниците и на нивните камери.

Досега вкупно 22 единки од овој вид се извеле и почнале самостојно да се хранат. Се` уште ги имаат резервите од жолчката, со кои може да преживеат некое време, но некои почнале и да наоѓаат храна.

Научниците се грижат за овие мали водоземци бидејќи сметаат дека се единствени од овој вид во светот што може да се набљудуваат. Тие се приспособени да живеат во целосна темница, и затоа немаат ниту очи, ниту пигментација на кожата. Ларвите сепак имаат очи, но кожата им ги покрива кога ќе достигнат одредена возраст. За да го надомести недостатокот од вид, сите други сетила му се засилени.

„Змејчињата“ може да живеат и до 100 години, и да опстанат без исхана дури десет години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан