mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Со скулптури се привлекуваат пеликаните во нивниот нов дом

Со скулптури се привлекуваат пеликаните во нивниот нов дом

Типографија

Пеликански кварт е изграден во Атанасовско езеро, една од најзначајните лагуни во Бугарија, покрај градот Бургас. Бугарската фондација за биодиверзитет соопшти дека се поставени две дрвени платформи на блиско меѓусебно растојание, коисе направени според стандардите за живот на пеликаните, затскриени зад трски и оддалечени од копното и од секакви човечки дејства.

Експертите се надеваат дека пеликаните наскоро ќе се населат таму.

  • За да ги привлечеме птиците, го ангажиравме скулпторот Николај Тодоров, кој се занимава со изработување макети од растенија и животни, да направи два пеликана, кои ќе ги поставиме на платформите. Птиците ќе може да се набљудуваат со двоглед патот Бургас - Сарафово - соопштиле од фондацијата.

Макетите треба да ги охрабрат пеликаните што живеат во лагуната да ги препознаат платформите како ново безбедно живеалиште, бидејќи инаку тие би ги гледале како непознат објект и би биле претпазливи. На фејсбук веќе има гласање за тоа како да се викаат макетите. Целта на оваа акција е да се привлече вниманието на јавноста кон потребата да се заштитат овие птици. Како што соопштуваат од фондацијата, од конзервациска гледна точка експериментот е интересен и може да се примени на различни видови птици.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан