mksqen

Воздухот во Љубљана е се почист

Воздухот во Љубљана е се почист

Типографија

Во изминативе 10 години квалитетот на воздухот во Љубљана станува се подобар, покажуваат мерењата на концентрацијата на ПМ10 честички.

Градските власти откриваат дека пред 10 години почнале да ги регистрираат податоците за ПМ10 и дека податоците покажале голем напредок. Состојбата со воздухот се испитува не само преку фиксните мерни станици, туку и преку повремени мерења во различни делови од градот и од предградијата. Но дури ни мерната станица во центарот на градот, каде што сообраќајот е најгуст, веќе трета година по ред не покажала вредности повисоки од 40 микрограми на кубен метар, колку што е максимално дозволената граница.

Сепак, било утврдено дека квалитетот на воздухот за време на зимската грејна сезона не се подобрува и дека неповолните временски услови, во комбинација со географските услови како местоположбата во котлина и слабото проветрување, придонесуваат за поголемо заадување. Домашното греење се смета за една од главните причини.

Една од главните мерки што градот ги презема за да ја подобри состојбата е развојот на мрежата на централно греење, која веќе покрива 75 отсто од потребите за топлинска енергија. Централното греење не се користи само во градските зони, туку е проширено и во околните приградски подрачја.

Градоначалникот Зоран Јанковиќ истакнува и дека претворањето на делови од центарот во пешачки зони исто така придонело да се намали загадувањето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан