mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

ЕВН се откажа од изградбата на хидроцентрали во Бугарија

ЕВН се откажа од изградбата на хидроцентрали во Бугарија

Типографија

Австриската компанија ЕВН се откажа од плановите да спроведе хидроенергетски проект со капацитет од 170 мегавати во Бугарија.

Според компанијата, понатамошната реализација на проектот Горна Арда е невозможна поради променетите енергетски политики во Бугарија. Во својот најнов извештај за перформансите, ЕВН навела дека има загуби од 28,9 милиони евра поради овие промени.

Проектот Горна Арда беше замислен како заедничка иницијатива на ЕВН и на бугарската национална електроенергетска компанија НЕК. Неговата изградба ќе ја доближеше земјата до остварувањето на целта да добива 16 проценти од својата енергија од обновливи извори до 2020 година. Бил започнат уште во 1999 година од НЕК во соработка со турската компанија Чејлан холдинг. ЕВН се вклучила во проектот во 2010 година. Со него требало да се изградат енергетски објекти со вкупен капацитет од 170 мегавати и со годишно производство на 350 гигават-часови електрична енергија, што е доволно за да се снабдат околу 100.000 семејства.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан