mksqen

Планинари од Кожуф се искачија на Мусала

Планинари од Кожуф се искачија на Мусала

Типографија

Планинари од планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија се искачија на највиокиот врв на Балканот „Мусала“ на планината Рила во Бугарија висок 2.925 метри.

Според гевгелиските планирани поволните временски прилики им биле во прилог, како и тоа дека одбраната патека е најпристапна до „покровот на Балканот“.

  • Од страната на зимскиот центар „Боровец“ кој се наоѓа во близина на „Мусала“ се упативме со жицница до местото Јастребац од каде продолживме пеш кон планинарскиот дом Хижа на надморска височина од околу 2.400 метри. Од таму ни беа потребни уште два часа пешачење до самиот врв - велат планинарите од Гевгелија.

Покрај гевгеличани, во успешното искачување на врвот „Мусала“ кој  254 дена во годината е покриен со снег учествувале и планинари од Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Струмица.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан