mksqen
28
Пон, Апр
0 Нови / 7 дена

Петиција против изградбата на нафтоводот Бургас-Александрополис

Петиција против изградбата на нафтоводот Бургас-Александрополис

Типографија

Во пет општини во реонот на бугарскиот град Бургас почна собирање на потписи против изградбата на нафтоводот „Бургас-Александрополис“.

Како што соопшти иницијаторот на петицијата, Национална асоцијација „Бугарско Црноморје“, потписи се собираат во општините Бургас, Поморие, Созопол, Приморско и Царево.

Асоцијацијата тврди дека растоварот на нафта од танкери во пристаништето во Бургас, која потоа би се пренесувала преку нафтоводот, претставува „еколошка бомба, која ќе го убие животот не само во крајбрежните води, туку и на самото крајбрежје“.

  • Тоа ќе ги испразни црноморските градови, летниот туризам ќе биде конечно уништен, а риболовот невозможен - изјави раководителот на Асоцијацијата, Димитар Канариев.

Според него, во извештај на Бугарската академија на науките (БАН) околу последиците од овој нафтовод било наведено дека со изградбата на овој проект ќе бидат уништени околу 200 објекти од културното и археолошкото наследство.

Канариев истакна дека во 2009 година жители на Бургас, Созопол и Поморие „категорично кажале „не“ на проектот“ на спроведениот референдум.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан