mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Зграда во Албанија ја преполовила потрошувачката на струја по реновирањето

Зграда во Албанија ја преполовила потрошувачката на струја по реновирањето

Типографија

Шеснаесет семејства од градот Перењас во Албанија оваа зима почнале да добиваат пониски сметки за електрична енергија за 50 отсто, откако нивната зграда била реновирана со проект на Министерството за урбанизам.

Министерството потрошило над 70 илјади евра за да го реновира овој стамбен објект, изграден во 1973 година, според стандардите за енергетска ефикасност. Перењас е една од шесте општини што биле вклучени во оваа програма на министерството за 2016 година.

Од 2014 година албанското министерство за урбанизам има одвоено посебе фонд за реновирање на зградите изградени пред 1990-тите години, за да ги направи енергетски поефикасни. Досега преку овој фонд се подобрени условите за живот на 151 домаќинство во девет општини, каде што потрошувачката на струја била преполовена, а жителите сепак успевале да ги одржуваат своите домови топли во зима и свежи во лето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан