mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Потврдено присуство на птичји грип во делот на Зрењанин

Потврдено присуство на птичји грип во делот на Зрењанин

Типографија

Управата за ветерина пријавила појава на „авијарна инфлуенца“ кај диви птици на две локации во делот на Зрењанин во Среднобанатскиот управен округ. Ова го соопштило Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.

Заразеното подрачје е прогласено врз основа на лабораториски резултати од примероци на умрени лебеди и тоа во пречник од три километри од жариштето.

Просторот во радиус од 10 километри од местото на наоѓањето на умрените лебеди е прогласен за загрозено подрачје.

На целото загрозено и заразено подрачје континуирано се врши попис, опсервација и контрола на здравствената состојба на живината.

До сопствениците на живина се апелира затворање на птиците и објектите, спречување на директен и индиректен контакт межу диви птици и живина и подигнување на биосигурносните и хигиенските мерки во фармите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан