Жителите на Софија сакаат да живеат во почист и позелен град со повеќе отворени простори, покажала онлајн-анкетата што ја извршиле општинските власти.
Анкетата била отворена пет дена и завршила во неделата. Содржела седум прашања поврзани со развојот на Софија. Во неа учествувале над 3.400 граѓани, и, како што повеќе од половина од нив посочиле, Софија треба да стане почиста, со повеќе отворени простори и со повеќе зеленило. Балансот меѓу екологијата и економијата во развојот на градот е исто така една од основните желби на граѓаните.
Координативниот тим што ја правел анкетата бил воден од главниот архитект на Софија Здравко Здравков. Неговата задача била да изработи методологија според која ќе биде подготвена визијата за развој на Софија за следните децении. Резултатите од анкетата ќе послужат во изработката на таа методологија, но ќе се имаат во предвид и мислењата искажани на шесте работни средби со граѓани и со експерти што веќе се организирале.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS