mksqen

Најдени 50 смокови во фабрички двор во Житораѓа

Најдени 50 смокови во фабрички двор во Житораѓа

Типографија

Членовите на здружението Зоо Планет извадиле вкупно 50 степски смокови од шахтите и од цевките во близина на погоните на некогашната Електронска индустрија во Житораѓа, Србија, информира претседателот на здружението Душан Стојановиќ.

Тој рекол дека смоковите ги забележале работници што биле ангажирани за реконструкција на фабриката и кои добиле задача низ шахтите да ги спроведат новите електрични инсталации.

  • Ни беа потребни околу три часа за да ги извлечеме сите смокови, затоа што главно се наоѓаа во цевките што ги поврзуваат шахтите. Ги најдовме во едно купче и беа слабо подвижни бидејќи во зима хибернираат - вели Стојановиќ.

Тој додал дека сите змии се префрлени во дрвени кутии со слама наречени хибернакулуми, и сега се наоѓаат во простории на здружението во селото Каменица близу Ниш.

  • Според договорот со Заводот за заштита на природата ,смоковите ќе останат кај нас се до мај. Тогаш ќе ги вратиме во природата, некаде околу Житораѓа - вели Стојановиќ.

Тој нагласува дека степските смокови не се отровни змии и се меѓу најчестите змии што се наоѓаат во урбаните средини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан