Двата унгарски мразокршачи доведени во Дунав со цел да го искршат мразот во реката меѓу Србија и Хртватска, можно е да не успеат да продолжат по течението на реката, поради што е можно од хрватската војска да се побара да постави експозиви.
Бродовите беа испретени согласно тристраниот државен договор со цел намалување на заканите од мраз во реката, вклучително и штети на инфраструктурата и поплави.
Унгарските бродови требаше да пристигнат во Вуковар, Хрватска, до синоќа, но едвај пристигнаа до Дал, на околу 20 километри нагоре по течението. Таму се оформиле формации од мраз со должина од 10 километри и дебелина до метар и половина.
Ако мразокршачите не успеат да го расчистат патот за нормално течение на реката, хрватската војска може да биде повикана да го разбие мразот со експлозив.