Санти мраз што пловат низ реката Дунав се заглавуваат на мостовите во српскиот град Нови Сад и формираат ледени чепови што потоа мора да се разбијат.
Екипи на јавното претпријатие „Води на Војводина“ деновиве постојано ги разбиваат чеповите на делница долга околу 15 километри, која поминува покрај познатата тврдина Петроварадин. За тоа го користат бродот-потиснувач „Слога“, кој не е вистински брод-кршач на мраз, па затоа му треба многу повеќе време за да ја ослободи реката. Дебелината на мразот на Дунав е меѓу 7 и 10 сантиметри.
По целосното ззамрзнување кај Петроварадин, бродот „Слога“ успешно го проби мразот и сантите запловеа низводно. Сепак, од претпријатието информираат дека екипите ќе останат подготвени за повторно да интервенираат и ќе ја следат состојбата на реката по 24 часа дневно.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS