Вкупното количество слатки води што се користат за стопански потреби во Бугарија пораснало за 5 отсто во 2015 година во споредба со претходната, и достигнало 5 милијарди и 629 милиони кубни метри, покажал последниот статистички изветај.
Најголем бил растот во енергетскиот сектор, кој што користи 77,8 од водата што се употребува во стопанството, за ладење на капацитетите за производство на струја. Раст има и во преработувачката индустрија, како производството на храна, пијалаци и на основни метали. Исто така, повеќе вода за 22,5 отсто се употребила и во селскостопанскиот сектор, и достигнала 316 милиони кубни метри.
Околу осум отсто од употребената вода била искористена за водоснабдување на населението. Во 2015 година се зголемила и употребата на вода во домаќинствата, на 99 литри дневно по човек, што ре раст за три литри во однос на претходната година. Најмногу вода користеле жителите на Софија, по 127 литри дневно по човек, и во Буграс, по 111 литри, а најмалку во областа Трговиште, по 67 литри. Загубите на вода во јавното водоснабдување изнесуваат дури 60 проценти.
Во 2015 година биле изградени 777 километри нова водоводна мрежа и 249 километри нова канализациска мрежа. Сепак, се уште над 70 отсто од водоводната и околу 60 отсто од канализациската мрежа во земјава е изградена во периодот меѓу 1961 и 1990 година.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS