mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Три жаришта на птичји грип во Бугарија

Три жаришта на птичји грип во Бугарија

Типографија

Откриени се три првични жаришта на птичји грип во областите Видин, Враца и во пловдивското село Маноле во Бугарија, соопштила бугарската агенција за безбедност на храната.

Според извршната директорка на агенцијата д-р Петра Петкова, жариштето во Враца било во резерват за дивеч, и оттаму болеста се проширила во две места во Видин, каде што биле продадени птици оттаму. Станува збор за полудиви птици, кои се пуштаат слободно во природата.

Трговијата со птици е забранета во целата земја и се вршат засилени прегледи. Забранет е и ловот на пердувест дивеч. Ветеринарите предупредуваат дека треба да се избегнуваат контакти со диви птици, кои што се најверојатниот извор на инфекцијата.

Од агенцијата напоменуваат дека во неколку држави во Европа веќе беа откриени жаришта на птичји грип и дека веројатно во Бугарија е откриен истиот вид.

Освен во овие жаришта, птичји грип е утврден и во една пратка мали патки од Унгарија, кои биле тестирани и им била утврдена инфекцијата. Таа пратка се појавила во селото Маноле.

Ветеринарите велат дека нема опасност за луѓето од јадењето пилешко месо и други птичји производи. Но тие им порачуваат на сопствениците што одгледуваат птици во дворовите да преземат хигиенски мерки. Една од нив е алиштата со кои што се движат кај птиците да не ги внесуваат во домовите.

Во жариштата каде што е откриен птичјиот грип птиците се усмртени, а околината дезинфецирана.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан