За активностите во дримскиот процес, меѓу кои, изработката на мониторингот за квалитетот на водите во сливот, социоекономски анализи на сливот, тематски извештаи за состојбите со биодиверзитетот, загадувањето и хидрологијата на Дримскиот Басен, три дена ќе се разговара на Четвртата конференција во рамките на Дримскиот процес и ГЕФ Дримскиот Проект во Приштина.
На конференцијата се очекува да се изрши согледување на развојот на процесот во последната година околу управувањето со Дримскиот Басен. Ќе бидат разгледани и активностите околу подготовка на Менаџмент планот за Дримскиот Басен и можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја на ниво на суб басени. Прекуграничната Дијагностичка анализа на Дримскиот Басен ќе биде пропратена со изготвен Стратешки акционен план.
На состанокот присуствуваат повеќе од 100 преставници на различни институции, министерства, меѓународни и регионални институции, а воедно на настанот ќе се одбележат и пет години од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дрим и една година од иницијацијата на ГЕФ Дримскиот Проект.