mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нова машина ќе го рециклира стаклото по бои

Нова машина ќе го рециклира стаклото по бои

Типографија

Нова машина што може да ги разликува боите на стаклото и да го дели и рециклира во три бои - бела, зелена и кафена имаат откриено од организацијата „Екопак“ во Бугарија.

Модерната технолошка линија го прочистува стаклото до 25 грама на еден тон нечистотии. Инвестицијата го зголемува капацитетот на инсталацијата двапати, а исто толку и ја намалува содржината на загадувачи во готовата суровина. Со тоа се обезбедува повисок квалитет и се дава можност за поделба на стаклото по боја.

  • Ова е добра вест за фабриките за рециклирање во Бугарија, како и за производителите на стаклени пакувања - тие ќе добијат чиста суровина и соодветно поквалитетни пакувања - вели Тодор Бургуджиев, извршен директор на Екопак. Тој истакна дека ефикасното управување на системот за одделно собирање на отпад овозможува инвестирање во најсовремената технологија.

Новата машина има капацитет да сортира половина од оставените стаклени пакувања на бугарскиот пазар.

  • Чистењето на стаклото до овие нивоа го претвора во квалитетна суровина. На годишна основа ќе можеме да прочистиме 30 илјади тони стакло. Инвестицијата е околу еден милион евра - додава Бургуджиев.

Во Бугарија се рециклира 64 отсто од отпадот што е и просекот во Европа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан