Првиот снег годинава, што паѓа во Грција, предизвикува разни проблеми во повеќе делови на земјата.
Во северна Грција поради натрупаниот снег беа затворени неколку патишта, а со големи проблеми во сообраќајот се соочуваат и жителите на Солун, каде исто така беа затворени неколку улици.
Снег падна во речиси сите планински и полупланински предели во северна, централна и јужна Грција, а деновиве се очекува температурите да паднат и под нулата, соопшти Националната метеоролошка служба.
Грчките синоптичари соопштија дека снежните врнежи ќе продолжат, во сите планински и ридски области во централна и јужна Грција, како и во низинските подрачја во северниот дел на земјата.
Во приморските реони се очекуваат силни бури, воглавно во претпладневните часови, а времето постепено ќе почне да се подобрува од запад кон север.
Поради ниските температури се очекува во поголемиот дел од земјата да фати и мраз.