mksqen

Златните Песоци и Приморско ќе имаат нови пречистителни станици

Златните Песоци и Приморско ќе имаат нови пречистителни станици

Типографија

Проектот за изградба на нова пречистителна станица за вода во Златните песоци веќе е подготвен и наскоро ќе почне да се спроведува.

Сличен објект ќе има и во Приморско. Ова го објави министерот за животна средина и води на Бугарија, Ивелина Василева.

Според неа наскоро повеќето летувалишта долж бугарското крајбрежје на Црното Море ќе имаат пречистителни станици и проблемот со исфрлање на отпадни води директно во морето веќе нема да биде актуелен.

Василева објаснува дека порастот на изградба на хотели меѓу 2005 и 2008 година доведе до трајно загадување на црноморското крајбрежје. Многу од овие згради биле изградени без потребниот план што ќе се случува со одводни води.

  • По изградбата на пречистителна станица во Златни песоци и Приморско почнува и подготовката за колектор меѓу Равадиново и Созопол. Ни требаат уште пари за таков објект во Ахелои - вели Василева.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан