Националната стратегија за управување со отпадот во Србија ќе биде готова до 2018 година.
Целта е до 2025 година во производството да се користи 60 отсто од преработениот отпад. Ова го изнесе Радмила Шеровиќ од Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.
Според неа преработката на отпадот ја штити животната средина, го унапредува работењето на малите и средни претпијатија и отвора нови „зелени“ работни места.
Таа најави дека Министерството најдоцна до март 2017 година мора да направи измени на Стратегијата за заштита на животната средина.
- Во Србија постојат десет санитарни депонии, а од тие депониите во Кикинда, Лесковац, Јагодина и Лапово се организирани по моделот на јавно-приватно партнерство - вели Шеровиќ.