mksqen
24
Сре, Апр
0 Нови / 7 дена

Годишно во Србија непрописно се фрлаат 2.500 тони медицински отпад

Годишно во Србија непрописно се фрлаат 2.500 тони медицински отпад

Типографија

Од вкупно 5.000 тони регистриран медицински и ветеринарен отпад минатата година во Србија, само половина е предаден и уништен, а остатокот е одложен на непрописен начин, било истакнато во Собранието на земјата.

  • Не постои регистар на установи што создаваат медицински и ветеринарен отпад, и тоа треба да се изготви што поскоро - рекол Бојан Сударев, извршниот директор на компанијата „Ремондис Медисон“ на седница на собранискиот Одбор за заштита на животната средина.

Според него, некои државни медицински установи го третираат медицинскиот отпад, некои го прават тоа делумно, а има и такви што го преработуваат за пари.

  • Здравствените установи што го преработуваат туѓиот отпад наплатуваат двојно, и од Фондот за заштита на животната средина, и од државата. Поединечни здравствени центри го преработуваат отпадот под стандардите, а неретко заедно со тоа се третира и ветеринарниот отпад - додал Сударев, чија компанија се занимава со преработка на медицински и на ветеринарен отпад.

Претседателот на извршниот одбор на Движењето на зелените „Бреза“, Александар Антонијевиќ, нагласил дека во Србија дневно се создаваат 500 тони отпад од животинско потекло, што значи 180.000 тони годишно, а 60 тони од тоа е од заразени животни.

  • Добар дел од животинскиот отпад не се одлага дури ни по домашните стандарди, да се закопа на метар длабочина, да се дезинфицира или да се запали, туку едноставно се фрла на депониите и на ридовите. Според стандардите на Европската унија, отпадот од животинско потекло се пали во печки на 1.200 до 1.600 степени.

Парите што беа наменети за таква печка во Крагуевац се пренаменија за изградба на патот Баточина-Крагуевац - рекол Антониевиќ.

Тој додал дека печката би чинела милион евра, но дека вложените пари би се вратиле за шест до десет години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан