Со проекција на документарниот филм „Хармонија од депонија“ и со доделување награди на натпреварувачите на филмската програма во Белград е отворен седмиот меѓународен фестивал на зелената култура „Грин фест“.
Во конкуренција на 1.455 филмови од 98 држави, наградата за најдобро остварување и е доделена на бугарската режисерка Илина Перианов за филмот „Изеди ме“, додека најдобар филм за природата е на французинот Сирил Корну „Баобабите меѓу земјата и морето“.
На Драган Гмазиќ му припадна наградата за најдобар српски филм, за остварувањето „Рамнина без птици“, додека германскиот „Бену“ е најдобар анимиран филм на фестивалот.
Исто така се поставени изложби на францускиот фотограф Жан АТри Бертранд на тема „Ја чуваме климата, го чуваме здравјето“ и на српскиот фотограф Миливој Крвавац на тема „Анима мунди“.
Организатор на манифестацијата е Центарот за унапредување на животната средина.