Бугарските власти воведуваат нови стимулативни мерки за заштеди на вода во туризмот и во наводнувањето.
Според информациите од Министерството за животна средина и водите, се предвидува земјоделците и хотелиерите да плаќаат пониски давачки, ако ја сведат потрошувачката на вода во воспоставени граници.
Плаќањето би се вршело според тарифа што се подготвува од работна група во Министерството, а нормите ќе се определат заедно со Министерството за туризам. Во земјоделскиот сектор тие се определени врз основа на хидрометеоролошките услови во различните делови на Бугарија, културите што се одгледуваат, како и според тоа дали се наводнува со или без систем „капка по капка“. Нормите за хотелите ќе се утврдат во зависност од бројот на ѕвезди.