За брзо воочување на пожарите и порастот на водотеците неопходно е да се работи на сателитско следење на територијата.
Ова го вели министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ.
- Ќе се следи порастот на нивото на водотеците со помош на сметачки модели. Доколку нивото на реките порасне за пет или десет сантиметри ќе може да се пресмета кој дел од градот ќе биде загрозен и каде ќе треба да се делува - вели Стефановиќ.
Тој исто така вели дека ќе биде унапредена и техниката на пожарникарските единици.
- Наша работа е да ја унапредиме техниката и состојбата на вашат апожарникарско спасувачка единица - додава Стефановиќ.