Екологистите имаат најдено 17 отруени животни во Родопите, сигнализираат од бугарското друштво за заштита на птиците.
Експертите сметаат дека овие инциденти претставуваат реална закана за животот и здравјето на луѓето во регионот.
- Досега има 17 најдени отруени животни во областа - информира експертот Николај Терзиев додавјаќи дека на прв поглед оваа бројка не е толку голема, но тука станува збор за период од две недели и еден случај на фаќање на отровна примка. Тоа значи дека самиот отров продолжува да се врти, условно кажано, во синџирот на исхрана на самото место, каде ние направивме пребарувања - раскажува Терзиев. Според него, тоа значи дека отровот е многу силен и продолжува да дава жртви. Сомневањата се дека станува збор за многу силен пестициди.