mksqen
23
Пет, Мај
0 Нови / 7 дена

Со кредит ќе се гради ветерна фарма во Република Српска

Со кредит ќе се гради ветерна фарма во Република Српска

Типографија

Владата на Република Српска одобри кредит од 60 милиони евра од германската КФВ банка за развој и финансирање на проектот за ветерни фарми.

Претпријатието во државна сопственост Електропривреда од Требиње, доби концесија од 50 години за изградба и работење на фармата со ветерници во општина Берковиќ пред една година. Со одобрување на договорот за заем ќе и се помогне на оваа инвестиција да продолжи со реализацијата.

Вкупна инвестициона вредност на проектот изнесува на 64,5 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра доаѓаат од сопствени средства, а останатите се обезбедени преку заем од КФВ.

Фармата на ветер со 48 мегавати ќе произведува 126 гигават-часови електрична енергија годишно. Фармата ќе се наоѓа во селото Хргуд на илјада метри надморска височина.

Враќањето на инвестицијата се очекува за 15 до 20 години.

Кредитот има 15 години рок на отплата, вклучувајќи и четири години грејс период.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан